Мечка синоќа била забележана на паркинг во селото Ростуше како се шета помеѓу возилата. Кучињата се вознемириле и почнале да ја лаат, по што таа се повлекла.
Според очевидци, мечката била забележана додека шетала меѓу паркираните возила, а кучиња почнале да ја лаат, по што таа се повлекла.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Жителите апелираат на претпазливост, особено во вечерните часови.
Видеото било објавено на социјалните мрежи, а во описот пишува:
„Неочекуван гостин на паркинг просторот во с. Ростуше, дочекан од кучиња! НП Маврово“.








