Три лица се уапсени на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу екипите КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
„На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се одржувал кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел „пејпер“ спреј“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортски натпревари.








