Починат 38-годишен маж е пронајден во напуштен објект во Аеродром. Покрај телото имало и пиштол.
Според информациите на МВР, вчера во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол.
Од страна на лекар била констатирана смрт.
Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција








