Продолжува да важи бесплатното паркирање за жителите на Општина Аеродром, се воведува и нова зона во Ново Лисиче

Макфакс

30/03/2026

13:08

223

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната Д12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок.

Од Град Скопје информираат дека одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите на граѓаните.

Паралелно, додаваат од таму, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче, со што ќе се обезбедат вкупно 2.719 нови паркинг места.

Дополнително од Град Скопје информираат дека од 1 април ќе биде овозможено електронско поднесување барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, како и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со цел поедноставување и подобрување на услугите за граѓаните.