Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Макфакс

30/03/2026

11:00

172

Големина на фонт

а а а

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 23.03 до 29.03.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.