МВР: Уапсен 27-годишникот од Росоман кој утрово со остар предмет ја убил мајка си

Макфакс

30/03/2026

10:58

920

Големина на фонт

а а а

Денеска, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 27-годишниот И.Р. од Росоман.

Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.