[ФОТО] 11 пожарникари гасеа пожар во помошен објект на откупен пункт за старо железо во Струмица

Макфакс

30/03/2026

08:15

129

Големина на фонт

а а а

Синоќа, во близина на булеварот Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што беа зафатени и дел од материјалите кои беа во непосредна близина.

„Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП возилата, како и лесно запаливите материјали кои беа присутни на локацијата“, известија струмичките пожарникари.

✅Синоќа (недела) 29.03.2026 година, во близина на бул.Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири ПП возила и единаесет...

Posted by Пожарникари - Струмица on Sunday 29 March 2026