Пешак тешко повреден во сообраќајка кај Брвеница, возачот избегал

Макфакс

29/03/2026

15:28

156

Големина на фонт

а а а

Седумдесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во тетовско, а возачот кој го удрил го напуштил местото на настанот.

Како што информираат од полицијата, на 28 март 2026 година околу 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во пешакот З.С. (70) од Тетово.

По несреќата, возачот со возилото избегал од местото. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека е извршен увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.