Скалони: За доброто на фудбалот, Меси треба да игра на Светското првенство

Макфакс

28/03/2026

10:07

174

Големина на фонт

а а а

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека би сакал Лионел Меси да игра на Светското првенство оваа година, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи исклучиво од фудбалерот на Интер Мајами.

Меси, кој ќе има 39 години за време на турнирот, ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година, што претставува круна на една од најимпресивните кариери во историјата на фудбалот.

„Го знаете моето мислење – ќе направам сè за тој да биде таму. Ќе направиме сè што можеме затоа што искрено верувам дека, за доброто на фудбалот, тој треба да игра. Но, јас не ја носам одлуката. Тоа зависи од него, неговото расположение, состојба на умот и физичка подготвеност“, рече Скалони.

Селекторот истакна дека постои и тренерска дилема ако Меси одлучи да игра.

„Не станува збор само за Аргентинците, сите сакаат да го видат. Но, потоа доаѓа прашањето за нас тренерите – ако е таму, дали е подготвен да го одигра целиот натпревар или не. Сакам да биде дел од тимот, но тој одлучува. Тој го заработил правото мирно да донесе одлука.“

Скалони заклучи дека во националниот тим нема брзање кога станува збор за одлуката на Меси.

„Знаеме дека што и да одлучи, тоа ќе биде најдобро за тимот и за него. Се надевам дека одговорот ќе биде да, но не можам да кажам повеќе од тоа.“

Аргентина ќе игра во групата Ј на СП, а нејзини соперници ќе бидат Алжир, Австрија и Јордан.