Напади врз станбени згради, најмалку 20 загинати цивили, јавуваат иранските медиуми

Макфакс

27/03/2026

22:04

198

Големина на фонт

а а а

Најмалку 20 цивили загинале во напади врз станбени области во Техеран и покраината Керманшах, пренесуваат иранските медиуми.

Во Техеран, во ракетен напад врз станбен комплекс загинале 10 лица. Во Керманшах се убиени 13 лица, меѓу кои и две деца.

Нападнати биле и индустриски објекти во Исфахан и Ахваз, каде има жртви и повредени, како и оштетувања на електроенергетските системи