Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Макфакс

27/03/2026

08:33

172

Големина на фонт

а а а

Пентагон размислува да испрати до 10.000 дополнителни копнени трупи на Блискиот Исток за да му даде на американскиот претседател Доналд Трамп повеќе воени опции, дури и додека се разгледуваат мировни преговори со Техеран, изјавија претставници на Министерството за одбрана запознаени со плановите, објави „Волстрит џурнал“.

Според нив, дополнителните сили веројатно би вклучувале пешадиски единици и оклопни возила.

Тие трупи би се придружиле на силите од околу 5.000 маринци и илјадници падобранци од 82-та воздушно-десантна дивизија што веќе се распоредени во регионот.

Трамп објави дека, на барање на иранските власти, ќе ги паузира нападите врз енергетските објекти 10 дена, до 6 април, истакнувајќи дека преговорите сè уште се во тек и дека одат „многу добро“.

Како што прецизираше, паузата ќе трае 10 дена, до понеделник, 6 април 2026 година во 20:00 часот или 2:00 часот наутро на 7 април, по централноевропско време.