Крај на еден медиумски глас: Се „гаси“ Радио Слободна Европа на македонски јазик

Макфакс

25/03/2026

08:42

317

Големина на фонт

а а а

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година.

„Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година.

РСЕ ги затвора подружниците низ светот откако минатата година американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумски проекти надвор од САД.