Џеј Зи долго молчел за обвинувањата за силување: Сега конечно проговорил

Точка

24/03/2026

22:10

374

Големина на фонт

а а а

Раперот Џеј-Зи (56) во ретко интервју проговорил за тужбата за сексуално злоупотребување од 2024 година, во која лажно бил обвинет за силување, опишувајќи го својот гнев како „неконтролиран“.

Во разговор за „GQ“, по повод 30 години кариера, раперот се осврнал на тешките обвинувања кои биле отфрлени минатата година, но и на бројни други теми.

„Бев неконтролирано гневен“

Џеј-Зи во интервјуто отворено зборувал за влијанието што тужбата го имала врз него. Во неа жена од Алабама, под псевдонимот Џејн Доу, тврдела дека тој и Шон „Диди“ Комбс сексуално ја нападнале во 2000 година, кога имала 13 години. Случајот бил отфрлен во февруари минатата година.

„Беше тешко. Навистина тешко. Срцето ми беше скршено. Мило ми е што веднаш се соочивме со тоа за да го решиме. Навистина бев скршен поради сè што се случи“, рекол раперот.


Тој додал дека целата ситуација го исцрпила. „Бев гневен. Долго време не сум бил толку лут, неконтролирано гневен. Не можете тоа само така да му го припишете на некого – тоа е нешто во што мора да бидете апсолутно сигурни“, изјавил тој, нагласувајќи дека знаел оти обвинувањата ќе бидат отфрлени бидејќи не биле вистинити.

„Многу тешко ми падна тоа. Знаев дека ќе го надминеме бидејќи, пред сè, не е вистина. А вистината на крајот секогаш победува“, нагласил раперот.

Потсетуваме, по отфрлањето на тужбата, Џеј-Зи изјавил: „Ова денес е победа. Несериозните, измислени и ужасни обвинувања се отфрлени. Оваа граѓанска тужба беше неоснована и не можеше да доведе до никаде“.


Правната битка продолжува

Џеј-Зи потоа поднел сопствена тужба против Џејн Доу и нејзините адвокати, Тони Базби и Дејвид Фортни, обвинувајќи ги за злонамерно гонење, злоупотреба на правниот процес, граѓански заговор и клевета. Во тужбата навел дека обвинетите биле „бездушно мотивирани од алчност, со целосно занемарување на вистината“.

Џејн Доу побарала од судот да ја отфрли неговата тужба, тврдејќи дека нејзините изјави дадени пред судот се „привилегирани“. Во поднесокот навела дека и нејзиното интервју за „NBC News“ од декември 2024 година било заштитено врз основа на истите тврдења.


Улогата на татко како смисла на сè

Освен за правните проблеми, Џеј-Зи со голема страст зборувал и за татковството. Тој и сопругата Бијонсе имаат три деца: 14-годишната Блу Ајви и осумгодишните близнаци Руми и Сир.

„Тоа му дава смисла на сè. Апсолутно на сè. Ќе патувам низ целата земја, ќе работам што и да морам и истата вечер се враќам со авион. Сакам да ги носам на училиште. Сакам да одам по нив. Сè има многу поголемо значење“, рекол тој.

Особено е горд на ќерката Блу Ајви, која ѝ се приклучи на мајка си на сцената за време на нејзината турнеја „Cowboy Carter“.


„Беше неверојатно. За време на првата турнеја многу се зборуваше за нејзиниот прв настап и таа навистина многу се трудеше, но сè уште не успеваше… Сè уште го правеше тоа механички. А потоа едноставно почна да се бори. Мислам дека првпат во животот ја видов како се бори – како, не ѝ е сè дадено и не ѝ е сè лесно. Таа сама се избори за тоа“, раскажал гордиот татко.

За верноста и пријателството

На крајот од разговорот, раперот ги споделил своите размислувања за меѓучовечките односи.

„Постојат луѓе во вашиот живот кои се тука само за кратко и кои нема нужно да бидат тука засекогаш. Тоа се случува. Некои се пријатели за цел живот. Некои се пријатели за одредени моменти. И мора да знаете кога да се повлечете. Зашто идеите за верност ќе ве задржат на места на кои не припаѓате, бидејќи тоа всушност не е верност. Верноста е доживотна“, објаснил тој.


„Затоа, дури иако се скараме и ти сега зборуваш лошо за мене, знам дека сум донел правилна одлука. Не си ми бил пријател, бидејќи верноста е засекогаш“, заклучил Џеј-Зи.