Синоќа во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото.
Полицијата постапила по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, вознемирувал им упатувал закани и им барал пари.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.








