Израелски претставници: Трамп сака договор со Иран, но успехот е малку веројатен

Макфакс

24/03/2026

12:21

184

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор со Иран за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, но успехот на разговорите е малку веројатен, изјавија денес израелски претставници.

Функционерите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека е малку веројатно Иран да се согласи со барањата на САД, вклучително и ограничувањата на неговите нуклеарни и балистички програми, со оглед на неуспехот на разговорите од 28 февруари и почетокот на американско-израелската војна против Техеран, објави Ројтерс.

На социјалните мрежи, Трамп ги опиша разговорите со Иран како „многу добри и продуктивни“, додека Техеран тврди дека преговорите не се одржале.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Трамп гледа можност за користење на воените достигнувања на израелската армија и американските сили за зачувување на израелските интереси преку евентуален договор, пренесува Танјуг.