Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, уапсени четири лица

Макфакс

24/03/2026

12:20

156

Големина на фонт

а а а

Вчера во 19:45 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишија од слобода Л.Р.(19) и неговиот 15-годишен брат поради пстоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола и за кој малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени.

Исто така вчера, во 17:00 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за крииналистички работи Кичево го лишија од слобода Б.Б.(52) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 23 парчиња муниција со калибар 9 мм.

Вчера попладне, во 16:35 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Ш.Ф.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е и одземена марихуана.

За настаните се известени надлежни јавни обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.