Од полноќ пониска даночна стапка за горивата – трговците да ги прилагодат системите, УЈП најави контроли

Макфакс

23/03/2026

17:43

147

Големина на фонт

а а а

Од утре до 6 април ќе се применува повластена даночна стапка од 10 отсто за прометот на горивата.

Мерката која беше донесена со одлука на Владата, ќе почне да важи од полноќ и ќе трае до 6 април.

Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива дека се должни навремено да ги усогласат своите фискални системи, ценовници и фактурирање, во согласност со тарифникот од одлуката.

Целта е да се обезбеди правилна пресметка, евидентирање и прикажување на намалената стапка на данокот на додадена вредност.

Од Управата нагласуваат дека примената на мерката мора да биде доследна и во согласност со законските прописи, при што најавуваат засилени контроли на терен.

За евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

УЈП ги повика сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата