Тешко повреден велосипедист по удар од автомобил во Скопје

Макфакс

20/03/2026

13:45

229

Големина на фонт

а а а

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во 12:50 часот на ул.„Благоја Стефковски“, на излез од бензинска пумпа, патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А.(20) од Скопје.

Според пријавеното, по незгодата, возачот на возилото му пружил помош на велосипедистот Б.А., а откако двајцата си заминале од местото на настанот, но Б.А. почувствувал болки и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.