Утре променливо облачно и посвежо време со врнежи од дожд и снег

Макфакс

17/03/2026

16:45

240

Големина на фонт

а а а

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, информира УХМР.

Поради продор на постудена воздушна маса од север на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо. И во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.

Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време.