Тешка сообраќајка кај Виница: Загина 65-годишен маж, тројца повредени

Макфакс

17/03/2026

14:44

152

Големина на фонт

а а а

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кочани–Виница.

Како што соопшти полицијата, на 16 март околу 13:40 часот, во атар на Виница, се судриле патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Ј.Т.(59) од Штип, и патничко возило „мазда“, управувано од З.П.(65) од село Истибања, виничко.

Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“, Ж.П.(58) од село Истибања, додека со телесни повреди се здобиле и Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип, констатирани во Општата болница во Кочани.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.