Јелена Спенџарска: Имам секси грб

Точка

21/11/2011

15:42

24.905

Големина на фонт

а а а

Висока, згодна и неопходна за своето момче, кошаркарот Ивица Димчевски. Така накратко изгледа девојката која што сите ја познаваат од спотот на Слаткар за песната Шопинг.

--

Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро Бар - Барбакан

--

Јелена Спенџарска, новинарка и водителка која себе си се смета за нормална девојка која што има секси грб. Одблиску Ве носиме на кафе со Јелена, а за нејзините успеси, потекло и љубовен живот читате во ова интервју, само за ТОЧКА.

Јелена, како би се карактеризирала себе си, како манекенка, водителка или новинарка?

Од сите тие три на прво место би го ставила новинарка, па водителка и на крај манекенка. Не се доживувам себе си како манекенка.



Веќе 6 месеци си во врска со кошаркарот Ивица Димчевски. Како започна се? Како се запознавте?

Се запознавме на ФБ, јас го додадов во пријатели, сосема случајно, по грешка беше. И почнавме да си пишуваме за спортска, по некоја случајност јас играв во кладилница и он ми кажуваше утакмици. Се видовме на кафе затоа што фати на спортска, па ајде да ме почасти и така се запознавме. Прво се дружевме како пријатели, но полека тоа пријателство прерасна во љубов.

Каде е сега Јелена со ТВ ангажман, проект или емисија?

Моментално работам во АБ канал заедно со Велибор Џаровски Џаро, заедно ја водиме емисијата Џаро Тип, емисија од спортски карактер, контактна емисија. Луѓето се јавуваат и веруваат дека преку кладилницата можат да заработат пари, но тоа правење на пари според мене е погрешно. Џаро има неколку сигурни натпревари па ги споделува со гледачите, па некои фаќаат, некои се забавуваат и така.

Ти си убава девојка, но кој дел од твоето тело го сметаш за најсекси?

Мене лично ми се допаѓа мојот грб, можеби е чудно, но јас мислам дека имам убав грб. А дека сум опседната со тоа колку сум секси, или да се фалам со некои делови од телото не.



Која е Јелена Спенџарска?

Јелена е еден лик кој што сеуште трага по себе си. Работам веќе неколку години како водителка и дефинитивно се пронаоѓам во тоа. Интересно ми е да се појавувам на телевизија и стојам на ставот дека секој не може да се појави на ТВ екраните. Се сметам себе си за среќна личност, расположена сум, позитивна, заљубена. И сакам да ги правам среќни луѓето околу мене.

Се појавуваш во спотот на Слаткаристика за песната Шопинг. Колку тој спот ти донесе популарност?

Тоа сега за сега ми е врвот. Моето појавување во Шопинг излезе сосема случајно, преку кастинг. Се се случи толку спонтано, со одлични на крај резултати. Тој спот е еден од најгледаните македонски спотови на You Tube. Имаше многу позитивни критики и дефинитивно после тој спот многу деца почнаа да се сликаат со мене. Почнаа да ме препознаваат, и навистина ми се допаѓање тоа. Многу врати ми отвори тој спот, се појавив после на неколку насловни страни, се појавив во други спотови, имав понуди за во емсии и тврдам дека тој спот е едно од поубавите работи што ми се случиле во животот.

Кој е највисокиот хонорар кој што си го добила за да се појавиш на ревија, емисија, спот или реклама?

Мислам дека високите хонорари не се кријат во емисиите, во спотовите или појавувањето на емисија. Високите хонорари се кријат во тезгарењето. Како на пример да водиш некоја манифестација, ревија, настан. Е тука има убави пари и високи хонорари.



Ти си беровчанка која што случајно или намерно живее во Скопје. Ти недостига родното место?

Ми недостига семејството, а ми недостига цистиот воздух во мојот роден град. Берово е еден од најубавите градови во Македонија. Јас многу ретко одам таму, затоа што Берово е едно мало гратче и не можам да го вклопам таму мојот карактер. Одам на 2-3 дена да се видам со моите и толку. И толку, едвај чекам да си се вратам во Скопје. Јас Скопје многу го сакам така што овде ми е одлично.

Топ 3 омилени филмови?

Јас сум опседната со гледање на филмови. Не постои филм кој што го немам гледано. Сакам да гледам психолошки трилери, комедиите воопшто не ми се интересни. Unknown, Taken, и Троја ми се омилени, а Троја го имам изгледано точно 76 пати. Веќе знам и кои се репликите во филмот.

Три трик прашања одговорени со Да или Не

1. Си работела ли некогаш ревија или фотосесија а да не добиеш хонорар за тоа?

Да

2. Наскоро веридба или свадба?

Не

3. Ти се случило ли 'One Night Stand'?

Не

За крај, што ги советува Јелена сите читатели на ТОЧКА?

Им предлагам на сите читатели на ТОЧКА да не се ограничуваат, нека веруваат во своите инстинкти и да не се плашат од неуспех затоа што тој неуспех не прави посилни.