Кин: Ливерпул се лоши шампиони…

Дерби

16/03/2026

13:49

195

Големина на фонт

а а а

Ливерпул продолжи да губи бодови во Премиер лигата и тоа во ситуација во која води жестока борба за местата кои водат во Лигата на шампионите во наредната сезона.

„Црвените“ остануваат без целиот плен против клубови кои се отпишани или се во катастрофална форма, па така прво загубија од Вулверхемптон, додека вчера не го добија ниту Тотенхем, тим со огромни проблеми кога се во прашање не само резултатите, туку самата игра, форма и играчкиот кадар.

Сега Ливерпул има дури 21 бод помалку од лидерот Арсенал што за Рој Кин е несфатливо за еден шампион да има таков пад особено затоа што се работи за голем клуб со историја и традиција.

- Со оглед на тоа што беа шампиони во лигата минатата година, го кажав тоа и претходно и го кажав неколку пати, Ливерпул се лоши шампиони. Сега се 21 бод зад Арсенал; каков пад е тоа! Тоа е толку лошо , - порача Кин кој смета дека има нешто лошо во позадина.

- Мислам дека има проблеми во позадина; мислам дека има поголеми проблеми… Не знам дали сите се на иста страна и се чини дека нема таа хемија со играчите, - порача Рој.