Њујорк од минус 21 до славје над Голден Стејт, Оклахома го доби дербито на Западот

Дерби

16/03/2026

12:59

110

Големина на фонт

а а а

Њујорк Никс со многу мака успеа да го совлада Голден Стејт Вориорс и со тоа да ја оправда фаворитската улога на соочувањето во „Медисон Сквер Гарден“.

Гостите настапија без најважните играчи на ова соочување, односно покрај повредените Батлер и Кари не играа уште Грин, Порзингис, Мелтон, ниту Сет Кари и Муди, меѓутоа оние кои добија шанса од тренерот Кер го дадоа максумумот и во еден момент водеа и со 21 разлика против домаќините кои сепак во продолжението проработија, се стегнаа и дојдоа до конечен триумф од 110:107.

Победникот го имаше Брансон со 30 поени и 9 асистенции, Таунс испорача дабл-дабл, а од клупата значаен придонес имаа Кларсон и Шемет со 14 и 10 кошеви. Поџемски кај „воините“ реализираше 25 кошеви со 5 скока и 6 асистенции.

ОКЦ славеше против Минесота со 116:103 на дербито на Западот. Ова за бранителот на насловот беше 53 сезонско славје во кое тројца играчи испорачаа 20+ поени и тоа Шеј, Холмгрен и резервистот Џо.

Рендл залудно беше најдобар актер на теренот со 32 поени за „волците“.

РЕЗУЛТАТИ

Оклахома – Минесота 116-103

Торонто – Детроит 119-108

Милвоки – Индијана 134-123

Кливленд – Далас 120-130

Филаделфија – Портланд 109-103

Њујорк – Голден Стејт 110-107

Сакраменто – Јута 116-111