Во израелските воздушен напади во Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Макфакс

14/03/2026

15:23

101

Големина на фонт

а а а

Во синоќешниот израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужниот дел на Либан загинаа најмалку 12 медицински работници, меѓу кои има и лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.

Нападот се случи во градот Бурџ Калавија, каде е погоден регионалниот здравствен центар.

Во текот на ноќта израелската армија нападна и други цели во јужен Либан. Израелската армија соопшти дека погодила магацин за оружје на подрачјето Ал Маџадел.

Во меѓувреме, Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека Иран заедно со Хезболах денеска го извршуваат 48-иот бран напади врз Израел.