Трамп: Путин „можеби“ малку му помага на Иран, бидејќи мисли дека ние ѝ помагаме на Украина

Макфакс

13/03/2026

17:43

239

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „можеби малку“ му помага на Иран.

„Мислам дека можеби малку им помага (на Иран), да, претпоставувам. И веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Трамп, исто така, истакна дека на Соединетите Американски Држави не им е потребна помошта од Украина во одбраната од беспилотни летала и дека Соединетите Американски Држави можат сами да се справат со оваа задача.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина планира да им помогне на САД и нивните партнери да се одбранат од ирански беспилотни летала на Блискиот Исток користејќи го своето искуство стекнато за време на војната со Русија, но ставот на Трамп е дека оваа помош не е неопходна за американската одбрана, според американските медиуми.