Макрон: Цената на нафтата не треба да ја промени позицијата на ЕУ кон Русија

Макфакс

13/03/2026

16:47

157

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го осуди нападот врз базата Ербил и изјави дека позицијата на Франција на Блискиот Исток е исклучиво одбранбена.

„Во регионот сè е јасно. Тоа е одбранбен став. Ние не сме во војна со никого“, рече Макрон.

Тој исто така предупреди дека Русија греши ако мисли дека конфликтот на Блискиот Исток ќе ѝ донесе предност во војната во Украина.

Макрон нагласи дека Европската Унија од 2022 година досега обезбедила речиси 200 милијарди евра помош за Украина и најави дека ќе се работи на деблокирање на договорениот заем од 90 милијарди евра.

Тој истакна дека растот на цените на нафтата не треба да ја промени позицијата на ЕУ кон Русија и најави 20. пакет санкции.

Макрон смета дека Украина, и покрај вештачките пречки, заслужува отворање на првите преговарачки кластери за пристапување кон Европската Унија

Според Макрон, актуелната ситуација покажува дека Москва се соочува со „троен пораз – стратешки, економски и морален“.