ВМРО-ДПМНЕ: Документи и докази за организација и логистика на протестите на ССМ водат директно до СДС

Макфакс

13/03/2026

09:08

150

Големина на фонт

а а а

Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ССМ го покажа вистинското лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди до таму што луѓе од СДС се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС. ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги вклучува и логистиката и организацијата на протестите. Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Георгиев е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС. Превозот, организацијата и кампањата на ССМ е директно поддржана од партиската инфраструктура на СДС. Бранко Георгиев кој е партиски теренец на СДС сега е главен за теренски активности на ССМ. Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион сега е ССМ“, велат од партијата.

ССМ наместо да биде независна организација што ги штити правата на работниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се претвори во партиска испостава на СДС.

„ССМ наместо да делува автономно и во интерес на работниците, функционира како продолжена рака на партиските структури на СДС, со активности, организација и логистика кои се совпаѓаат со партиските интереси. Синдикатите треба да бидат глас на работниците, а не инструмент на политички партии. ССМ како синдикална организација е ставена во служба на партиска агенда на СДС, и со тоа ја губи својата основна улога и довербата на членството. Пред очите на целокупната јавност ќе бидат објавени сите лица од СДС кои го имаат превземано ССМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.