Гувернерот на Калифорнија: Не грижи се, Америка! Цените на бензинот растат, но Трамп заработува одлично

Макфакс

13/03/2026

08:36

302

Големина на фонт

а а а

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој се смета за водечки кандидат за претседателската номинација на Демократската партија во 2028 година, остро го критикуваше тврдењето на Доналд Трамп дека САД имаат корист од зголемувањето на цените на нафтата.

„Не грижи се, Америка! Цените на бензинот ви растат, но Трамп заработува многу пари. Значи, сè е во ред“, напиша Њусом на социјалната мрежа Икс.

Неговиот пост беше одговор на коментарите на Трамп за порастот на цените на нафтата.

Американскиот претседател тврди дека САД се најголемиот производител на нафта во светот и заклучи: „Кога цените на нафтата растат, ние заработуваме многу пари“.