Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 20 степени

Макфакс

13/03/2026

07:07

168

Големина на фонт

а а а

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови

Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.