[ВИДЕО] Белата куќа објави контроверзно видео: „НЕПОРАЗЕНИ“

Макфакс

12/03/2026

18:43

234

Големина на фонт

а а а

Белата куќа објави анимирано видео на својот официјален профил на платформата X, кое прикажува напади врз цели во Иран, во комбинација со разни видео игри. Видеото трае 52 секунди, а статусот што Белата куќа го објави покрај него е: „НЕПОРАЗЕНИ“.

Претходно денес Белата куќа објави уште едно слично видео. Видеото, кое трае околу 34 секунди, користи метафора за куглање: иранските функционери се прикажани како клинчиња, а Американците удираат како топка со ленти во боите на американското знаме што ги соборува. На крајот е прикажана снимка од ракета. Видеото е придружено со натпис „УДАР“.

Белата куќа објави неколку вакви видеа во последните недели кои комбинираат снимки од вистински напади врз ирански цели со елементи од филмови, видео игри и други медиуми како дел од операцијата „Епски бес“, чија цел, според официјалните изјави, е уништување на ракетниот арсенал и морнарицата на Иран и спречување на развојот на нуклеарно оружје.