Политиките на Мицкоски може да се опишат само со еден збор: Лага, вели Богданка Кузеска од СДСМ.
„Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема да изговори Северна.
Излажа.
Јавно кажа дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка.
И за тоа излажа.
Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“.
Уште една лага.
Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“.
Излажа“.
Ветуваше, вели Кузеска, поголеми плати и подобар живот за граѓаните.
„Сè е лага до лага.
Зборовите на Мицкоски не значат ништо.
Како што лажете за името, сега лаже и за ЕУ!
Неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“ пропадна.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и испрати јасна порака во името на ЕУ – нема место за тројански коњи.
За жал, Македонија денес има токму таков пример со ВМРО, со нивниот вицепремиер кој има средби со „Ноќните волци“ на Путин, со врските со Москва, со нивната сестринска партија СНС и со кинеските пари.
Европа не прифаќа тројански коњи во своите редови“.
Граѓаните знаат додава таа дека европската перспектива на државата е реална и достижна, но Мицкоски, како што рече, ја турка Македонија во изолација.
„Само лаже дека сака членство во ЕУ, не сака во Европа, сака изолација за да продолжат криминалните тендери“.












