ССМ е координирано и управувано од СДС, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, целата логистика за како што вели, таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС.
„До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите.
Ова е тој документ.
Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев.
Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.
Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ.
Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион – сега е ССМ.
ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички“.
Во наредните денови, најави тој, ќе продолжат со објавување на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ.








