Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го окарактеризира украинскиот претседател Володимир Зеленски како „терорист“ поради заканите упатени до унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Зеленски му се закани на Орбан со средба со украински војници, бидејќи Будимпешта блокираше уште еден заем од Европската Унија за Украина, објави Спутник.
Будимпешта тврди дека Киев се обидува да изврши притисок врз одбивањето на Унгарија да ја поддржи интеграцијата на Украина во ЕУ и да обезбеди воена помош.
Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Зеленски „ги преминал сите граници“ и ја повика Европската Унија да се дистанцира од тие изјави.








