Белата куќа објави кратко анимирано видео на својот официјален профил на платформата Икс, кое прикажува напад врз нуклеарната програма на Иран.
Видеото, кое трае приближно 34 секунди, користи метафора со куглање: иранските функционери се прикажани како чунови, а американскиот напад е прикажан како топка со пруги во боите на американското знаме што ги соборува.
STRIKE. 💥🦅 pic.twitter.com/XMzNNtlT63
— The White House (@WhiteHouse) March 12, 2026
На крајот е прикажана снимка од ракетата. Видеото е придружено со натпис „УДАР“.
Белата куќа објави неколку вакви видеа во последните недели кои комбинираат снимки од вистински напади врз ирански цели со елементи од филмови, видео игри и други медиуми како дел од операцијата „Епски гнев“, чија цел, според официјалните изјави, е уништување на ракетниот арсенал и морнарицата на Иран и спречување на развојот на нуклеарно оружје.








