Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

Макфакс

11/03/2026

15:53

201

Големина на фонт

а а а

ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС, тврди Андреј Жерновски, член на извршниот одбор на СДСМ.

„Овде позади мене многу јасно пишува што се случува во однос на патот на нашата земја кон Европската унија. Цитирам: Мора да бидете отпорни на токсично влијание од Русија и другите и нема да дозволиме тројански коњи во Европската унија. Тоа е она што го порача Марта Кос, еврокомесар за проширување на земјите кандидати за членство во Европската унија. Почитувани граѓани, појасна, посилна и попрецизна порака од еврокомесарот за проширување до сега не сме добиле. Граѓаните мора да знаат дека оваа порака се однесува на нашата земја, за жал. Токсично е влијанието од Русија, токсично е влијанието од Кина, токсично е влијанието од СНС на Вучиќ“, рече Жерновски.

Тој кажа и дека во извештајот на известувачот за нашата земја во Европскиот парламент, Томас Вајц, пишува дека нема напредок во владеењето на правото, во правосудните реформи, во борбата против корупцијата.

„Македонија има блокиран пат кон Европската унија, и владата тоа намерно го прави. Пораките се многу јасни, но нашата влада повторно измислува непријатели, особено во нашето соседство, само за да го блокира нашиот пат кон Брисел. Не сакаат и никогаш нема да сакаат да влеземе во Европската унија“, рече Жерновски.