Помалку несреќи, повеќе жртви во 2025 – три проблеми најчесто доведуваат до авионски инциденти

Макфакс

10/03/2026

18:08

247

Големина на фонт

а а а

Глобалниот број на авионски несреќи во 2025 година е намален во однос на 2024 година, но бројот на загинати е зголемен, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

Според годишниот извештај, во 2025 година се регистрирани 51 несреќа на 38,7 милиони комерцијални летови, додека во 2024 година имало 54 несреќи на 37,9 милиони летови.

Сепак, бројот на жртви пораснал. Во 2025 година се случиле осум фатални несреќи, при што загинале 394 патници и членови на екипажот, во споредба со 244 жртви во 2024 година.

Зголемувањето на бројот на загинати главно се должи на две големи несреќи – падот на авион „Боинг 787 Дримлајнер“ на „Ер Индија“ во Ахмедабад, во кој загинале 241 лице, и судирот меѓу авион „Бомбардие CRJ700“ на „ПСА ерлајнс“ и воен хеликоптер во Вашингтон, кога загинале 64 лица.

Од ИАТА посочуваат дека долгорочниот тренд на безбедност останува позитивен и дека авионскиот сообраќај и натаму е еден од најбезбедните начини за далечни патувања.

Организацијата наведува дека најчести несреќи се удар на опашката на авионот во пистата, проблеми со стајниот трап или излетување од пистата.