Ројтерс: Војната на Блискиот Исток однесе повеќе од 1.000 животи, најмногу во Иран и Либан

Макфакс

10/03/2026

18:07

158

Големина на фонт

а а а

Повеќе од илјада луѓе загинале низ Блискиот Исток од почетокот на конфликтот на 28 февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран, пренесе Ројтерс.

Според извештаите на државите до 10 март, најголем број жртви има во Иран и Либан, а судирите брзо се проширија и во други земји во регионот каде се наоѓаат американски воени бази.

Во Иран загинале најмалку 1270 луѓе, според државните медиуми. Меѓу нив се и 40 лица кои загинале во израелски напад врз станбена населба во Техеран.

Во Либан, според податоците на Министерството за здравство, во израелски напади загинале најмалку 486 луѓе.

Во Ирак загинале најмалку 15 лица, според полицијата и здравствените власти.

Израелската војска соопшти дека двајца израелски војници загинале во јужен Либан, додека во ирански ракетен напад врз Беит Шемеш, во близина на Ерусалим, загинале 11 цивили.

Американската војска соопшти дека во операциите против Иран загинале седум американски војници.

Жртви има и во земјите од Заливот. Во Обединетите Арапски Емирати загинале шест лица, во Саудиска Арабија две лица, а по двајца загинати се пријавени и во Бахреин и Кувајт.

Во Оман загинал еден човек кога проектил погодил танкер за нафтени деривати во близина на брегот кај Мускат, пренесе Ројтерс.

Ројтерс наведува дека податоците за бројот на жртвите се засноваат на извештаи на државите и не се независно проверени.