Пезешкијан: Кој мисли дека може да го уништи Иран, живее во илузија

Макфакс

10/03/2026

18:06

184

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека противниците кои веруваат дека можат да го уништат Иран живеат во илузија.

„Низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише тоа големо име“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека секој што живее во илузија дека може да го уништи Иран не знае ништо за историјата.

„Агресорите доаѓале и си заминувале, Иран опстанал“, порача иранскиот претседател.