[ВИДЕО] 29-годишна жена убиена во ирански напад во Бахреин

Макфакс

10/03/2026

06:46

182

Големина на фонт

а а а

29-годишна жена е убиена во ирански напад во Бахреин, соопштија властите во оваа држава од Персискиот Залив рано во вторник. Осум други лица се повредени кога е погодена станбена зграда во главниот град Манама, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Нападот се случи откако Министерството за здравство на Бахреин рано во понеделник објави дека 32 лица, меѓу кои и неколку деца, се ранети во ирански напад со беспилотни летала на островот Ситра јужно од Манама. Иранската војска, исто така, нападна постројка за десалинизација на вода, соопштија властите.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави во саботата дека Техеран нема да испукува ракети ниту да ги напаѓа своите соседи сè додека нападите врз Иран не бидат извршени од нивна територија.

Но, неколку држави од Заливот продолжуваат да известуваат за ракетни и беспилотни напади од Иран.