Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Тиренското Море покрај западниот брег на Италија, соопшти EMSC.
Земјотресот се случил на длабочина од 375 километри неколку минути по полноќ во вторник, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). Земјотресите подлабоки од 300 километри се сметаат за длабоки земјотреси.
Нема веднаш пријавени повредени или штети.








