Кристијан Киву не очајува по поразот кој го претрпе Интер од Милан во големото градско дерби, порачувајќи дека трката за Скудетото немала да биде решена дури и во ситуација неговиот тим да забележел победа.
Интер го загуби второто градско дерби со „росонерите“ оваа сезона и има предност од седум бода на табелата само поради далеку поконстантните резултати со помалите тимови, но Киву како тренер воочи и проблем кој се провлекува веќе некое време против екипи кои играат со низок блок во одбрана.
Романскиот стручњак смета дека неговите фудаблери мора да ја подобрат динамиката и да го забрзаат темпото кога играа против тимови кои се бранат, а таква анализа направи и за поставеноста на Милан.
– Овој резултат не менува ништо, според мене, ништо немаше да биде готово и ако победевме. Влеговме со бавно темпо во мечот, нашето прво полувреме беше под нивото и голот кој го дадоа беше голем удар за нас. Се обидовме да ставиме во повисока брзина, стартувавме подобро со голема шанса на Димарко, но не успеавме да ги скршиме.
– Направивме се за да го скршиме нивниот низок дефанзивен блок, но на крајот не успеавме во тоа. Сметам дека ни недостасува динамика во вакви ситуации. Милан беше повлечен назад и чекаше да ни наштети преку контри. Мора да се подобриме во динамината и темпото, мора да ја забрзаме играта и да не бидеме толку предвидливи во завршната третина од теренот, – изјави Киву.








