Трагедија кај Струмица: Возач на трактор загина по превртување на возилото

Макфакс

08/03/2026

16:53

706

Големина на фонт

а а а

66-годишен маж од струмичкото село Градашорци загина откако се превртел тракторот што го управувал во близина на селата Едрениково и Требичино.

Како што соопшти полицијата, на 07.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката“, на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, имало превртен трактор.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.