Бугарија му забрани влез 10 години на адвокатот Менкиноски, застапник на Македонците пред Судот во Стразбур

Макфакс

07/03/2026

12:27

513

Големина на фонт

а а а

Адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, соопшти дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во земјата во траење од 10 години.

Менкиноски најави прес-конференција на која, како што соопшти, ќе ја информира јавноста за одлука на властите во Софија.

Според Менкиноски, станува збор за скандалозна одлука која, како што наведува, претставува директен напад врз неговата адвокатска дејност и обид за негово замолчување, како правен застапник на Македонците во Бугарија, пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Тој најави дека во текот на денот ќе изнесе детали за можните причини за одлуката, како и за последиците од, како што вели, повредата на неговото право како адвокат слободно да се движи во земјата каде што се наоѓаат Македонци