Синот со нож го нападнал татко си: Семејно насилство во Охридско

Макфакс

05/03/2026

11:14

236

Големина на фонт

а а а

60-годишен маж бил нападнат од неговиот син во Охридско, соопшти полицијата.

Имено, вчера во 11:40 часот во СВР Охрид, Г.Н.(60) од охридско село пријавил дека во својот дом физички со нож бил нападнат од неговиот син.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.