Сикорски: Иран прави грешка со проширувањето на војната кон земјите што не го нападнаа

Макфакс

04/03/2026

20:20

230

Големина на фонт

а а а

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес изјави дека Иран прави грешки со проширувањето на војната кон земјите што не го нападнаа, откако Турција објави дека воздушната одбрана на НАТО уништила иранска ракета насочена кон турскиот воздушен простор.

„Иран ја проширува војната кон земјите што не го нападнаа, како и кон земјите од НАТО и ЕУ.

Постои добро позната изрека дека грешката е полоша од злосторство. Иран направи грешка“, рече Сикорски по состанокот на Советот на балтичките држави, пренесува Ројтерс.

Порано денес, неименуван турски функционер изјави дека Турција „не била цел“ на ракетата што се движела кон турскиот воздушен простор.

„Веруваме дека (Иран) целела база на грчкиот дел од островот Кипар, но ракетата отстапила од својот курс“, изјави неименуван турски функционер, објави грчкиот портал Катимерини претходно денес.

Во меѓувреме, турското Министерство за одбрана објави дека иранска ракета прелетала над Ирак и Сирија, пред да биде соборена од воздушната одбрана на НАТО стационирана во Источниот Медитеран, пренесува Танјуг.