Израел првично планирал воени напади врз Иран во средината на 2026 година, но ги поместил плановите за февруари, поради променети околности и нови разузнавачки информации, изјави денес израелскиот министер за одбрана Израел Кац за време на посетата на Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Кац, како што објави „Тајмс оф Израел“, рекол дека операцијата првично била планирана за средината на годината, но дека, како што изјавил, имало потреба сè да се помести за февруари поради развојот на настаните и околностите, вклучително и неколкунеделните протести против властите во Иран.
Израелскиот министер за одбрана ја пофали работата на разузнавачкиот сектор, нагласувајќи дека е постигнат огромен напредок на разузнавачкиот фронт, ден по ден и час по час, што, според него, овозможило координација со Соединетите Американски Држави, како и, како што изјавил, „фантастичен почетен удар и сè што следело“.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро во саботата, 28 март, во она што го нарекоа „превентивни напади“, кои се случија по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.







