Тежок трагичен настан ја потресе Македонија попладнево, откако жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години го загубија животот по пад од станбена зграда во скопската населба Карпош.
Според првичните информации, трагедијата се случила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде мајката и детето паднале од балкон од шести кат. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај двете лица.

Пријавата стигнала во Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево во 14:15 часот, а полициски екипи и обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и натаму се на терен и вршат увид на местото на настанот. Случајот во полиција бил пријавен како самоубиство, но од МВР велат дека делото не може да биде квалификувано додека не заврши увидот.

.Фото: 24Инфо








