Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларијани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“.
„Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс.
YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE THAT THEY HAVE NEVER EXPERIENCED BEFORE.
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 1, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со предупредување преку социјалните мрежи, наведувајќи дека ако Иран нападне посилно од кога било, САД ќе возвратат „со сила каква што никогаш не виделе“.
Откако претходно објави дека во американско-израелските напади бил убиен врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Трамп оцени дека тоа претставува правда и порача дека Иран има најголема шанса да си ја врати земјата.
Тој додаде дека, според негови информации, дел од припадниците на Иранската револуционерна гарда и безбедносните структури не сакаат повеќе да се борат и побараа имунитет, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочат со смрт








