Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник.
„Нашата нација е повторно поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега“, рече Трамп на почетокот од своето обраќање пред Конгресот.
„Ова е златно доба за Америка“, продолжи републиканецот во говорот во кој ги пофали она што го смета за достигнувања на неговата администрација, од рекордни индекси на берзата, ниски цени на бензинот, до спречување на влегување на фентанил на американска територија.
“When the world needs courage, daring vision and inspiration, it still turns to America,” President Trump said in closing remarks at his State of the Union address. “When God needs a nation to work His miracles, He knows exactly who to ask.”
— CBS News (@CBSNews) February 25, 2026
Trump declared that “the Golden Age… pic.twitter.com/B1QpipSaZN
Трамп тврдеше дека Соединетите Американски Држави се „почитувани во светот можеби како никогаш досега“ и дека „победуваат толку многу“ што „веќе не знаат што да прават со тоа“.
Овогодинешното обраќање за состојбата на нацијата се одржува во исклучително значајна година за Соединетите Американски Држави, која во јули ја одбележува 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност, според агенцијата ДПА.
Обраќањето доаѓа само неколку дена откако Врховниот суд на САД ги поништи клучните тарифни политики на претседателот Трамп. Овој судски пораз ги остави глобалните трговски партнери во неизвесност додека се обидуваат да ги проценат понатамошните последици од таквата одлука.








