Норвешки новинар го шокираше Киву, тренерот на Интер му одржа лекција

Дерби

24/02/2026

11:25

313

Големина на фонт

а а а

Интер претрпе пораз од 3:1 на гостувањето во Норвешка кај Бодо/Глимт и сега ќе има огромен предизвик пред себе на денешниот реванш за пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони, дуел кој донесе и мала жестина на прес-конференцијата која беше одржата вчера.

Кристијан Киву со максимална почит говореше за норвешката сензација и има честиташе за се она што го прикажуваат во Европа веќе години наназад, но остана максимално испровоциран од едно новинарско прашање.

Норвешки новинар со потсмевање го постави прашање и го запраша Киву дали ќе биде фудбалски срам ако Интер испадне од тим како Бодо, по што тренерот на Интер реши да му одржи лекција.

– Дури и се смееш додека го поставуваше прашањето….. Ти честитам….., – иронично порача Киву, па продолжи.

– Ништо не е срамно во фудбалот. Во фудбалот се гледа само работата, работата на еден тим и на еден клуб. Ние мора да го почитуваме ривалот, а ти не не почитуваш нас поради тоа што велиш дека треба да бидеме засрамени што сме загубиле од таков тим.

– Имаме максимална почит за тоа што го направи Бодо против нас, но и за тоа што го направи против Атлетико во Мадрид и против Сити и Борусија. Го почитуваме нашиот противник и му честитаме за сите добри работи кои ги направи во последно време. Кога имате јасни идеи, може да правите големи нешта. Но, ние не сме засрамени, не може да бидеме засрамени кога го даваме најдоброто од себе. Бодо беше подобар од нас и им честитавме за победата, сега следи второ полувреме, – изјави Киву.